Од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информираат дека по барање на Град Скопје и општина Гази Баба, екипи на претпријатието се приклучиле во гаснењето на синоќешниот пожар што изби во кругот на фабриката Железара.
„Од непознати причини, во текот на минатата ноќ околу 21:30 часот избил пожар во кругот на фабриката Железара, на местото викано Челичарница, отпад за старо железо. Првично реагирале службите на Железара, а потоа побарале помош од Противпожарната Бригада на Град Скопје. По барање на Град Скопје и општина Гази Баба во гасење на пожарот се приклучија и екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје со три цистерни под притисок, една цистерна со питка вода, возачи и посада. Пожарот бил локализиран со што е спречено ширење на непријатна миризба“, информираат од таму.