Месната заедница „Галичник“ бара министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Државниот инспекторат за ловство да преземат мерки и да дадат насоки како да се однесива локалното население, бидејќи мечки често доаѓаат во Галичник и се опасност за населението.
Во соопштението до јавноста од оваа месна заедница велат дека дивите животни се одомаќинети во Галичник, често доаѓаат и ги превртуваат контејнерите за смет барајќи храна. Според МЗ „Галичник“ тие се опасност за локалното насление
„Повеќе пати официјално се обраќаме до Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство и до Државниот инспекторат за ловство укажувајќи на растечкиот проблем со присуство на мечки во Галичник. Дописи се доставени преку архивите на двете институции во 2019 и 2020 година, а минатата недела се обративме на службениот мејл на Инспекторатот. Апелираме надлежните да дејствуваат и да дадат насоки на локалното население. Одомаќинети диви животни во населени места претставуваат голема опасност за населението“, соопшти МЗ „Галичник“.