251
Два француски борбени авиони „Рафал“ се урнаа денеска во источна Франција, изјави министерот за одбрана Себастиен Лекорну.
Тој на социјалната мрежа Икс објави дека несреќата во која учествувале два авиони „Рафал“ се случила во департманот Меурте и Мосел, западно од градот Стразбур.
„Еден од пилотите е пронајден, тој е здрав. Потрагата сè уште трае“, додаде Лекорну, заблагодарувајќи им се на вооружените сили и жандармите за нивните напори за обезбедување на областа.
Регионалниот дневен весник „L’Est Republicain“ објави дека се трага по уште двајца воени пилоти.