Во Франција откриена нова варијанта на ковид-19

by fokus

Научниците се загрижени поради појавата на нова варијанта на коронавирус во јужна Франција.

Откритието дојде откако 12 пациенти во истиот регион беа позитивни, а нивните тестови покажаа „нетипична комбинација“.

Експертите се сомневаат дека случајот можеби дошол од Камерун, бидејќи првото заразено лице пристигнало од патување од таа земја. Тие рекоа дека идентификувале 46 мутации во оваа варијанта која го добила името Б.1.640.2.

Неговото присуство први го открија експерти на „IHU Mediterranee Infection“ во Марсеј. Претходно овој месец тие на својот Твитер објавија дека откриле нова варијанта кај пациенти со ковид.

Она што ја прави варијантата поопасна е нејзината способност да се репродуцира поради бројот на мутации што ги има во однос на оригиналниот вирус.

Франција објави 219.126 нови инфекции во саботата, со што стана шестата земја во светот што надмина вкупно 10 милиони регистрирани случаи на ковид.

Поврзани новости