Речиси 29.000 луѓе, од кои повеќе од 3.000 во главниот град Париз, протестирале во Франција против здравствените потврди.
Според податоците на француската полиција, регистрирани се 165 протести ширум земјата, со прецизно проценети 3.240 демонстранти во Париз.
Мобилизацијата на противниците на епидемиолошките мерки вклучително и ковид-пропусниците, покрената на 7-ми август е во пад според француските власти, откако на првиот протест се собрале 237.000 демонстранти.
Министерството за внатрешни работи минатата сабота забележало „јасен пад“ на учеството со 25.000 демонстранти, од кои наводно 3.320 во Париз. Седмица претходно имало 40.000 според министерството и 73.130 според активистичкото движење Жолти елеци.
Во петокот францускиот парламент одобри можно користење на здравствените пропусници до 31-ви јули следната година, откако предлогот беше усвоен со 118 гласови „за“ и 89 „против“ и еден воздржан.
Како и во другите делови на Европа, епидемијата напредува и во Франција со настапувањето на зимата, а претседателот Емануел Макрон би требало за оваа тема да се обрати во вторник навечер.
Националната агенција за јавно здравство во петокот вечерта извести за 8.998 новозаразени и стапка на позитивни од 2,4 отсто во текот на последните седум дена, Една седмица претходно оваа стпака, која се мери со уделот на заразите меѓу тестираните, изнесувала само 1,9 отсто.