Во Финска повредени 27 лица, претежно деца – се урна пешачки мост

by Fokus

Пешачки мост се урна денеска во Финска, при што се повредени 27 лица, повеќето деца, јавуваат финските медиуми.

Регионалната спасувачка служба на Хелсинки соопшти дека несреќата се случила во 9:30 часот по локално време, во Еспо, недалеку од главниот град Хелсинки.

Управата на болницата во Хелсинки исто така потврди дека меѓу повредените има многу училишни деца.

На сликите објавени од финските медиуми се гледаат неколку луѓе кои лежат на земја.

 

Поврзани новости