538
Во Финска денеска почна со работа најголемиот нуклеарен реактор „Олкилуото 3“ (ОЛ3) во Европа, со што ќе се осигури енергетската безбедност што беше нарушена откако Русија во мај минатата година престана да доставува гас и електрична енергија.
Операторот на ОЛ3, „Теолисуден воима“ (ТВО) соопшти дека очекува новиот нуклеарен реактор да задоволува околу 14 отсто од финската побарувачка за електрична енергија, со што ќе се намали потребата за увоз од Шведска и од Норвешка.
ОЛ3 од 1,6 гигавати почна да се гради во 2005 година и требаше да бидe завршена за четири години, но поради низа технички проблеми и дефекти реакторот дури денеска почна со работа.