На трети јануари годинава конечно биле формирани жалбените совети кои ќе треба да одлучуваат по жалбите за на екс претседатeлот на Врховен Јово Вангеловски и неговата колешка Рахилка Стојковска, јавува Телма.
Советите бројат по девет члена од кои петмина се од највисокиот суд. Токму тоа беше и причината што имаше застој во процедурата и наместо во рок од 10 дена од приемот на жалбата како што стои во Законот за судски совет, жалбените совети се формираа после неколку месеци. Голем дел колегите на Вангеловски од Врховен се изземаа поради различни причини. Членовите на жалбениот совет биле избрани со жрепка.
Сега имаат рок од 30 дена односно до 2 февруари да одлучат дали Вангеловски и Стојковска ќе бидат правосилно разрешени или постапката ќе ја врата назад во судски совет.
Член 72 став 4 од закон за Судски совет: Советот за жалба може да го потврди или да го укине решението на Советот во случај на груба повреда на одредбите за постапката за одговорност на судија или претседател на суд.
Екс претседатлеот на Врховен и судијката Стојковска беа разрешени за нестручно и несовесно постпаување поради тоа што гласаа за укинување на притоврот на бизнисменот Сеад Кочан додека беше во бегство.