Во февруари годинава просечната плата 33.720 денари

by Fokus

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари 2023 година, во однос на февруари 2022 година, изнесува 113.0.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Градежништво (21.3%), Информации и комуникации (18.5%) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (16.5%).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Транспорт и складирање (9.7%), Рударство и вадење на камен (9.2%) и Дејности во врска со недвижен имот (6.1%).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2023 година, изнесува 33.720 денари.

Поврзани новости