Во ЕЛЕМ се вработија синот на Тахир Хани и шурнајката на министерот Бектеши

by fokus

Секој ден ново вработување на роднина на функционер во државна институција. Додека синот на пратеникот од НСДП, Горан Мисовски, даде отказ од работното место, синот на Тахир Хани, заменик-генерален секретар во Владата, пак е нововработен во АД ЕЛЕМ. Назми Хани е вработен на местото референт во подружница Треска на Електрани на Македонија, пренесе „Алсат“.

Шурнајка на министерот за економија Крешник Бектеши е исто така примена на работа во АД ЕЛЕМ. Станува збор за Нертила Усеини Каба, која е жена на братот на неговата сопруга.

Поврзани новости