412
Најмалку седум лица, меѓу кои две деца, загинаа рано утринава во експлозија и пожар што избувна во станбени згради во јужна Франција, јавува Асошиетед прес.
Официјални лица рекоа дека е во тек потрага по најмалку две исчезнати лица.
Локалните француски медиуми јавија дека експлозијата се случила во приземјето на двокатна зграда, која била самопослуга-сендвич бар.
Пожарот потоа се проширил и на соседните згради.
Од Обвинителството велат дека е рано да се знае причината за експлозијата, но дека постои можност во продавницата да има боци со плин.