782
Во пандемијата со коронавирусот Косово остана без Влада, јавуваат косовските медиуми, а пренесува порталот 360 степени.
Косовскиот парламент предмалку изгласа недоверба на Владата на премиерот Албин Курти со 82 гласа „за“, 32 „против“ и 1 „воздржан“.
Владата на Курти не издржа ниту два месеци. Беше изгласана на 2 февруари, а дел од неа, како министер за евроинтеграции беше и Блерим Река, кој беше кандидат за претседател на Северна Македонија на последните избори.