Во тек на вчерашниот ден полициски службеници од ОВР Кавадарци успеале да приведат дури три лица барани со потерница, за различни случаи. Во еден од случаите биле вклучени и службеници од ОВР Неготино.
Како што информираат од СВР Велес, акциите се одвивале од 9.30 часот наутро, па се до последното приведување, во 18.30 часот.
Првин во 9.30 часот село Марена, кавадаречко, полициски службеници од ОВР Кавадарци и ОВР Неготино го привеле А.Ј.(33) од село Војашанци, неготинско, кој бил баран потерница врз основа на наредба од Основен суд Велес за издржување мерка притвор. А.Ј. бил спроведен во Казнено – поправна установа Затвор Скопје за издржување на мерката.
Потоа, во 11.00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го
привеле Е.В.(29) од Кавадарци, кој бил баран по потерница врз основа на наредба од Основен суд Кавадарци за издржување затворска казна. Е.В. бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Гевгелија за издржување на казната.
Последното приведување се случило во 18.30 часот, кога полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле А.О.(27) од Кавадарци, кој бил баран по потерница врз основа на наредба од Основен суд Кавадарци за издржување казна затвор. А.О. бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Гевгелија за издржување на казната.
Вики Клинчарова