Во еден ден прегазени тројца пешаци – двајца во Тетово и еден во Скопје

by irena 15:16
15:16

МВР информира дека вчера околу 12:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул. „Иван Хаџиниколов“ и ул. „Јанко Митиќ“ во Скопје, патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ш.(37) од с. Студеничани, скопско, удрило во пешакот Б.А.(93) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ во Скопје.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Неколку часа подоцна, во 15:30 часот во СВР Тетово е пријавено дека на ул. „Вонвардарска“ во Тетово, патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.Р.(70) од Тетово, удрило во пешакот Б.С.(46) од Тетово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничка болница Тетово.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово.

Вчера вечерта околу 20:35 часот во СВР Тетово е пријавено дека на бул. „Илинденска“ во Тетово, патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Н.Т.(65) од Тетово, удрило во пешакот С.М.(52) од Тетово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 52-годишната С.М., констатирани во Клиничка болница Тетово.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово.

Слични вести