313
Тројца жители на Скопско, од кои двајца малолетници исчезнаа во рок од два дена, информираа од МВР.
Според полицијата, 50- годишен жител на село Јурумлери вчера пријавил дека на 20 јануари од домот заминал неговиот 25-годишен син. Исто така, 21-годишен скопјанец вчера пријавил дека неговата 12-годишна сестра истиот ден излегла од домот и не се вратила.
Синоќа скопјанката Н.Ј. (37), пријавила дека нејзиниот 15-годишен син истиот ден излегол од домот и не се вратил.