Централната прослава по повод Денот на независноста ќе се одржи вечер со забава на отворено во дворот на Владата. Најавено е и обраќање на премиерот Зоран Заев.
Прославата почнува во 18 часот со концертот на „Пет + бенд“, а во 19 часот следи диџеј сетот на Огнен Узуновски-Оги.
Пејачките Тијана и Тамара, во придружба на Македонската филхармонија, од 19.30 часот ќе ги изведат најубавите македонски шлагери.
Во 20.30 часот, Филхармонијата, под диригентство на Џијан Емин, ќе ја изведе музиката на еден од најдобрите светски диџеи Хуан Аткинс (САД), а во оркестрација на Емин. Овој проект премиерно беше изведен летово во Антички театар во Охрид.
Вечерта ќе ја затвори диџеј Феки Фарис.
Паралелно со оваа прослава, противниците на Договорот од Преспа ќе имаат свои активности и одбележување на Денот на независноста пред Собранието и кај Школка во Градскиот парк во Скопје.