Гевгеличанец и скопјанец вчера превезувале мигранти од Кина, а откако биле забележани од полициски службеници, ги скриле возилата и мигрантите во двор во Гевгелија.
Во тек на вчерашниот ден околу 11.10 часот на регионалниот пат 1102, во правец Смоквица – Прдејци, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица забележале патничко возило „ауди“ со гевгелиски регистарски ознаки и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, во кои се превезувале лица мигранти.
Потоа, во Гевгелија било пронајдено возилото „ауди“ и во него биле затекнати двете лица, по што била извршена контрола во дворното место на Д.Т., каде што било пронајдено возилото „мерцедес“ со пет лица мигранти од Кина во него.
Во дворот на Д.Т., исто така, било пронајдено и патничко возило „фолксваген пасат“ со регистарски таблички од друго возило.
Бил извршен службен разговор со Д.Т. (31) од Гевгелија и со А.Н. (33) од Скопје, а по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.
Кинеските мигранти пак, биле сместени во прифатно-транзитен центар за понатамошна постапка.
Вики Клинчарова