Во две седмици настава во Србија, заразени 52 ученици и 20 вработени

by Fokus 10:09
10:09

Во првите две недели од настава во основните и средните училишта, вкупно 52 ученици и 20 вработени се заразени со коронавирус, изјави српскиот министер за образование, Младен Шарчевиќ.

Тој во изјава за ТВ Пинк прецизира дека 25 ученици биле заразени во 1.250 основни училишта во Србија и дека од таа бројка шест ученици не доаѓале на училиште.

- Advertising -

Шарчевиќ додава дека се работи за спорадични случаи, имајќи предвид дека во училиштата во Србија има околу 850.000 ученици.

Српскиот министер потенцира дека децата доаѓаат во училиштата со маски, се одржува растојанието, дека наставниците завршиле добра работа и дека училиштата денес се најбезбедно место, каде можноста за пренесување на инфекцијата е многу помала отколку во парковите, спортските терени каде децата обично се дружат вон настава..

Тој уште рече дека просветниот инпекторат секојдневно контролира дали се спроведуваат превентивните мерки во училиштата.

Поврзани новости