839
Во општините Маврово и Ростуше и во Ценар Жупа ќе се гласа отпочеток, бидејќи излезноста била помала од една третина од запишаните гласачи, соопшти вечерва ДИК.
-Во две општини, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, поради неисполнување на законскиот услов на 1/3 од запишаните гласачи да излезат на гласање, ќе се повтори целата изборна постапка член 132 став 2 од Изборниот Законик, посочи претседателот на ДИК, Александар Даштевски вечерва на прес конференција.