Во два часот на распит во Кривичниот суд ќе биде донесен Стефан Димковски

by Fokus

Во два часот во Кривичниот суд ќе биде донесен Стефан Димковски, возачот кој го превезувал Љупчо Палевски -Палчо  осомничен за убиството на 14 годишната Вања, од Белград до граничниот премин со Турција на граничниот премин Капетан Андреево, неофицијално дознава „Фокус“.

Тој беше уапсен од македонската полиција на граничниот премин Дојрани. Но, тој самиот си постирал слики на ФБ од рутата токму на денот кога се возел со осомничениот за убиство Палчо.

На прашање на новинарите, министерот Оливер Спасовски ги спомна иницијалите на лицето, тврдејќи дека се познаници со Палевски.

Тој беше фатен и за него е одреден 48- часовен притвор.

Во затворот „Идризово“ се наоѓаат уште четворица осомничени за киднапирањето на 14-годишното девојче, меѓу кои и нејзиниот татко Александар Ѓорчевски.

Пред два дена во турскиот град Баликесир беше фатен и Палчо, кој е извршител на двојното убиство.

Сега се очекува негова екстрадиција од Турција, а веднаш по влегувањето во државата ќе заврши во Шутка, каде му е одреден 30-дневен притвор.

Ирена Мулачка

Поврзани новости