569
Владата на Република Северна Македонија денеска донесе Уредба за примена на законот за трговија за време на вонредна состојба, соопшти владината прес-служба.
Со оваа Уредба во листата трговски објекти се додава зборот „дуќани” и се утврдува дека во објектите во кои се врши трговија на мало, истовремено може да пазаруваат најмногу по едно лице на површина од секои 20 метри квадратни, а во објектите со површина помала од 20 метри квадратни може да пазарува само едно лице.
Трговецот е должен да обезбеди заштитна опрема (маски и ракавици) за вработените лица во објектот, а вработените лица се должни заштитната опрема да ја носат постојано во текот на работното време.