Во ДУИ секој министер си има своја фирма на која и дели тендери, вели Мицкоски

by Fokus

„Во ДУИ секој министер си има своја фирма. И секој министер преку таа фирма ги краде граѓаните во тендери во четири очи“ вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот коментар по информацијата дека МНР префрлила пари на внукот на поранешниот министер од ДУИ и донатор на партијата за организирање на настан.

„Таков е и овој случај каде што фирма која што претходно се легитимирала како донатор на ДУИ добива тендер, а со тој тендер треба да направи одредени градежни зафати во СЦ Борис Трајковски каде што на крајот на декември месец ќе се одржи Самитот на претседател на држави на земјите членки на ОБСЕ. Си тоа практично се легитимира и организаторот а тоа е Бујар Османи кој што е во својство на министер за надворешни работи, бидејќи Ковачевски никој во суштина не го прашал. Него само му кажуваат ти ќе бидеш денеска уште еден ден повеќе премиер, другото остави го и така не те бива за таа работа, еве тука ти се ресурсите, те возат лево десно ,те викаат премиер уште малку, другото си е наша работа. Така што него никој ништо не го прашува. Бујар Османи си има своја фирма си ја ангажира таа фирма. Таа фирма е донатор на ДУИ за градежни зафати во СЦ Борис Трајковски“ – рече Мицкоски.

Поврзани новости