И оваа година во чест на долгогодишната традиција се одржа црковно-народната манифестација- Богојавление Водици.
Се верува дека оној кој ќе го фати Светиот крст ќе го следи благослов и среќа во текот на целата година. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со положувањето на крстот водите се осветуваат и стануваат лековити.
Компанијата Зегин и оваа година, во духот на хуманоста и сплотеноста ја поддржа централната манифестација во Скопје, но и останатите манифестации ширум земјата и обезбеди награди за сите учесници, дарувајки 54 вредносни ваучери од 12.000 денари за оние кои беа најсреќни и го фатија светиот крст.
Со тоа Зегин уште еднаш покажа дека е вистински пример за општествено одговорна компанија која постојано вложува во својата средина и општеството, велат од компанијата.
ПР текст