126
Во Хрватска вчера беше соборен рекордот на температурата на морето откако Државниот хидрометеоролошки завод врши мерења, па температурата на морето во Дубровник во 17 часот е измерена на 29,7 степени.
Морето во Хрватска било најтопло во 2015 година на Раб, кога температурата била 29,5 степени.
Температурите на морето измерени вчера во хрватскиот Јадран никаде не беа пониски од 26 степени.