Во Драчево прегазен е 61-годишен велосипедист

by Fokus

МВР информира дека вчера во 11.30 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на крстосницата од ул.„Славка Динкова“ и ул.„Иван Хаџиниколов“ во скопско Драчево патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Б.(41), удрило во велосипед управуван од З.С.(61), двајцата од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Поврзани новости