Во Драч запленети 45,5 кг. кокаин во контејнер со пилешко месо, крајна дестинација е Македонија

by Fokus
Албанската полиција синоќа, во пристанишниот град Драч запленила 45,5 килограми кокаин, чија крајна дестинација била Северна Македонија.

-Дрогата, пакувана во 40 пакетчиња, беше откриена, при детална контрола во контејнер натоварен во Бразил, со пилешко месо,  на сметка на трговски субјект од Северна Македонија, стои во полициското соопштение.

Како што може да се види од фотографиите кои ги објави полицијата пакетчињата со кокаинот се завиткани со фотографии од анимираниот филм „Драгон бол”.

Надлежните почнаа со истражни дејствија со цел документирање на случајот, идентификација и откривање на лицата вмешани во ова кривично дело.

Кон крајот на минатиот месец, исто така во Драч полицијата заплени 59 килограми кокаин во бродот “Unistream” од Колумбија натоварен со јаглен

Поврзани новости