Државјанин на РС Македонија баран со меѓународна потерница издадена од македонските власти, албанската полиција го уапси во пристаништето Драч, при обид да ја напушти албанската територија.
– На излез на граничниот премин во Драч, службите на граничната полиција, како резултат на зголемените мерки и размена на информации со Интерпол Тирана, го приведоа М.О. (32) државјанин на Северна Македонија, баран со меѓународна потерница, стои во полициското соопштение.
Се наведува исто така дека за време на обработката и верификацијата на податоците во системот, овој граѓанин се покажало како меѓународно барано лице, откако Судот против организиран криминал и корупција во Северна Македонија го осудил на четири години затвор за кривично дело „илегална организација на имиграција“.