Во едно досега невидено интервју, Алексеј Навални ги нападна „корумпираните функционери“ кои живеат во Лондон и му помагаат на режимот на Владимир Путин да ги скрие валканите пари. Скај њуз доби интервју во кое покојниот руски опозициски лидер зборува за неговата надеж за подобра иднина на својата земја и за ризиците за кои знаел дека ги презема.
Интервјуто се одржало во февруари 2020 година и се верува дека е едно од последните што ги дал Навални додека бил целосно здрав. Човекот кој важеше за најгласниот критичар на претседателот Путин почина на 16 февруари во затвор.
„Западот воопшто не прави ништо, би рекол. Има некои ритуални танци, но всушност ништо не се случува. Зошто корумпираните службеници сè уште живеат во Лондон? Затоа што тие корумпирани функционери хранат огромен број прекрасни лондонски адвокати“, вели Навални во тоа интервју.
„Тие луѓе ќе изгледаат многу цивилизирано, ќе ни биде мило да разговараме со нив ако седнат до нас, ќе носат вратоврска и убаво ќе се однесуваат, а во исто време им служат на интересите на ултимативни, комплетни бандити“, додаде тој.
Инаку, Британците тврдат дека го почитувале животот на Навални, кој ја разоткри руската корупција.
Телото на Навални и е вратено на мајка му, потврди неговата портпаролка пред два дена. Оваа информација дојде откако на мајката на Навални наводно и било кажано да се согласи на „тајно погребување“ бидејќи во спротивно тој ќе биде погребан во затворската колонија каде што починал.
Претходно, вдовицата на Навални, Јулија го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека го држела телото на нејзиниот покоен сопруг „како заложник“.