52
До Државната изборна комисија (ДИК), во изминатите 48 часа, по завршувањето на гласањето за претседателските избори, пристигнал само еден приговор за гласање во Липково. Рокот за поднесување на приговори за постапката за гласање во рок од 48 часа по завршувањето на гласањето.
-Истече рокот за поднесување приговори за постапката за гласање, до Државната Изборна комисија пристигна еден приговор за постапката на гласање во Липково – вели за МИА портпаролката на ДИК Радица Тодоровска-Алексовска.
Приговори за постапката за сумирање и утврдување на резултатите, исто така, може да се поднесат во рок од 48 часа, но по објавувањето на првичните резултати, односно до утре до 19 часот.