Во Џепчиште се пукало со пиштол на семејна веселба

by Frosina Fakova

Со пиштол марка „Застава М-57“ вчера се пукало на семејна веселба во селото Џепчиште.

Пукањето било пријавено во 16.50 часот во Полициската станица Џепиште откако се слушнале неколку истрели од огнено оружје.

Полицајци излегле на местото на настанот и констатирале дека во куќа во ова село шеесет и двегодишен жител на селото Октиси испукал неколку куршуми од пиштолот, за којшто имал дозвола.

Пукачот е приведен во Полициска станица Дебар, а пиштолот му бил одземен.

Поврзани новости