Во Дебар втор круг локални избори за градоначалник

by Fokus

Во општина Дебар денеска се одржува вториот круг на локалните избори, поради тоа што на 31 октомври имаше прегласување во едно избирачко место, а ДИК поради нерегуларности во првиот круг во избирачкото место 0543, ја разреши општинската комисија.

Новиот претседател на општинската изборна комисија Рилинд Хаса за Радио Слободна Европа изјави дека гласањето стартуваше навреме во сите 27 избирачки места во градот и селските населби.

Бројот на избирачи е 19.211, а дебарчани ќе се определат за еден од двајцата кандидати за градоначалник, Хекуран Дука од ДУИ и Беким Поцеста од Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Хаса додаде дека и гласањето на болните вчера минало без проблеми. Гласале вкупно 70 лица и овој број на гласачи е поголем од 17 октомври, кога гласале само 20.

Инаку и во овој круг се очекува да гласаат и определен број наши печалбари и иселеници кои се дојдени од земјите на ЕУ а има и од САД. Нивното присуство во првиот круг беше многу поголемо.

Поврзани новости