Во Дебар до 17 часот гласалe 40,13 отсто

by Fokus

Во општина Дебар до 17 часот на гласање излегле 7.523 или 40,13 отсто од вкупната бројка запишани во единствениот избирачки список, рече Јованка Јосифовска потпретседателка на општинската изборна комисија.

-Денешнот изборен ден минува без проблеми и се надеваме дека така ќе биде до кај на изборнот ден. До 17 часот поднесени се 10 приговори и уште два по овој рок, за заштита на личното избирачко право и истите се прифатени, додава Јосифовска.

Посочува дека споредено со првиот изборен круг што се одржа на 17 октомври излезноста е поголема за 4,93 отсто. Тогаш правото на глас го оствариле 6.761 лице или 35,2 отсто.

Вчера правото на глас го остварија 60 лица, две не гласаа, додека едно не беше запишано во избрачкиот список.Станува збор за 40 лица повеќе од првиот изборен круг, кога гласаа 20 болни и изнемоштени.

И во текот на денешнот изборен ден, на предвидена оддалеченост од гласачките места имаше присуство на полициски службеници.

Поврзани новости