Во Данска од денеска е дозволено јавно собирање до 50 лица

by Fokus

Во Данска од денеска е дозволено јавно собирање на 10 до 50 лица, соопшти данското Министерство за здравство.

Во рамките на ублажувањето на мерките, воведени со цел спречување на ширењето на Ковид-19, од 15 јуни на туристите од одредени европски земји ќе им биде дозволено да влегуваат во Данска.

Во земјата досега се пријавени малку повеќе од 12.000 случаи на коронавирус, додека бројот на смртни случаи изнесува 589.

Поврзани новости