Во чии раце завршија наградите на „Златна бубамара на популарноста”?

Фото: Стефан Рајхл

by Fokus

Забавното шоу „Златна бубамара на популарноста” чие 26-то издание се одржа во четвртокот во салата „Борис Трајковски“, повторно собра голем број на популарни личности од земјава на едно место, и на публиката и приреди настан за кој се раскажува.

Сатиричен приказ на изминатата година и на општествените случувања, но и голем број на награди за истакнати дејци во повеќе области, со што се дава мотивација и признание на наградените, е она кое е основен белег на шоуто.

Често опишан како Оскари на македонски начин, настанот е еден од најпопуларните во земјава, а наградените неретко знаат да кажат дека Златната бубамара ја доживуваат како награда не само од организаторот, туку и од целата македонска јавност.

Годинава се доделија повеќе награди. Златните бубамари за животно дело отидоа во рацете на пејачот Мирослав Илиќ и фолк авторите Миле и Ѓорѓи Барбаровски.

Постхумна награда за животно дело доби хармоникашот и композитор Милан Завков, а Јаков Дренковски доби награда за животно дело од забавната музика.

Хрватскиот музичар Џибони доби награда за трајни музички вредности во рок музиката.

ДНК е група на годината, Некст Тајм го има албумот на годината – „Мајка”, Меморија е наградена за концерт на годината, Џамбо Агушев за прва труба на Македонија.

Наташа Петровиќ доби награда за најдобра актерка, Александар Микиќ најдобар актер, Сашка Димитровска најпопуларна актерка, „Госпоѓиците од Авињон” е најдобра балетска претстава, Венко Андоновски е писател на годината со романот „Папокот на светлината”, „Илуминати” е театарска претстава на годината.

Специјалните награди за животно дело завршија во рацете на фолк легендите Блага Петреска и Ефто Пупиноски, кои го изведоа нивниот дует „Песната може се” и уште еднаш ја потсетија јавноста на богатата културна ризница која ја оставија зад себе, со децениската работа во областа на фолк музиката.

Вики Клинчарова

Поврзани новости