Во четврток Владата ќе прогласи кризна состојба за електричната енергија

by fokus

Владата в четврток се очекува да прогласи кризна состојба за електричната и топлинската енергија, потврдија за МИА владини извори.

Одлуката треба да важи од 1 септември, а беше најавена од страна на министерот за економија Крешник Бектеши на последната прес-конференција со директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

Од Владата уверуваат дека нема да има рестрикции на струја во престојниот зимски период.

– Рестрикции на струја нема да има, ниту се очекуваат ако сé оди според планот на ЕСМ, изјави Бектеши на прес-конференцијата со директорот на ЕСМ на која ги презентираше владините мерки за штедење во пресрет на зимата.

Поврзани новости