Во четврток телата на загинатите ќе бидат пренесени во Македонија

Преку организиран државен протокол истиот или наредниот ден останките ќе им бидат предадени на семејствата.

by fokus

Предавањето  на телата на нашите сограѓани кои ги загубија животите во трагичната автобуска несреќа во Бугарија ќе биде направено преку организиран државен протокол најдоцна во петок, информира Министерот за надворешни работи Бујар Османи.

– По остварениот разговор со бугарскиот обвинител од Софија, надлежен за трагедијата од 23 ноември, г-дин Сарафов, сакам да ја информирам јавноста дека е донесена одлука за предавањето  на телата на нашите сограѓани кои ги загубија животите во трагичната несреќа во четврток, 2 декември. Владата на Р. Бугарија го прифати нашето барање преносот од Софија до Скопје да се изврши со авион на Р. Бугарија, додека од меѓународниот аеродром Скопје, преку организиран државен протокол истиот или наредниот ден петок 3 декември, останките ќе им бидат предадени на семејствата во нивните домови, објави на својот Фејсбук профил Османи.

Османи, посочува дека останувам во блиска комуникација со семејствата за останатите детали, и дека јавноста исто така ќе биде информирана навремено.

Поврзани новости