Во наредните денови можно е предвремено да почне грејната сезона во Скопје. Според правилникот, за тоа да се случи пред официјалниот старт на 15 октомври, потребно е средната дневна температура прогнозирана за наредниот ден да биде 12 степени.
Според информацијата која денеска ја објави БЕГ, денешната прогноза била 14 степени со што не биле задоволени условите.
Но, метеоролозите од среда најавуваат значително намалување на дневните температури со што се отвора можност да БЕГ да почне да ги загрева домовите во Скопје.
Сепак, одлуката за тоа кога ќе почне греењето (во периодот пред 15 октомври) ја носи Регулаторната комисија за енергетика.
Од БЕГ исто така апелираат до граѓаните односно заедниците на станари кои ги немаат овозможено условите за старт на грејната сезона (проблеми со потстаниците за парно, заклучени врати и порменети брави како и проблеми со електричното напојување на потстаниците) тоа да го средат во најкраток можен рок.