778
Во Чешка се регистрирани 3.130 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, што е најголем број на нови случаи за еден ден од почетокот на пандемијата, соопшти чешкото Министерство за здравство.
Тоа е исто така најголем број на нови пациенти за еден ден во Европа. Како што е наведено, тоа е илјада повеќе од претходниот ден, кога биле евидентирани 2.137 случаи.
Во Чешка, каде што живеат 10,7 милиони луѓе, од почетокот на пандемијата во март годинава, регистрирани се 44.155 случаи на вирусот.