Во Чешка над 5.300 заразени со Ковид-19 во еден ден

by Fokus

Чешка објави рекордни 5.335 нови случаи со коронавирус за еден ден. Зголемувањето на случаите во Чешка забележано на 7 октомври го надмина претходниот рекорд од 4.457 пријавени од претходниот ден. Земјата со 10,7 милиони жители има најбрз скок по жител во последните две недели. Зголемување на бројот на заразени бележи и Германија која за еден дена забележала повеќе од 4.058 случаи, во споредба со 2.828 претходниот ден. Владата веќе предупреди дека земјата може да ја изгуби контролата врз пандемијата.

Бројот на жртвите во Чешка се искачи на 829, додека на Германија достигна 9. И Бугарија објави дневен рекорд на 437 случаи со коронавирус. Бугарија досега има потврдено 22.743 случаи со ковид-19, вклучувајќи 873 смртни случаи. Главниот здравствен инспектор во земјата изјави дека може да се воведат нови ограничувања, како затворање ресторани, доколку бројот на случаи продолжи да расте, но исклучи целосна блокада.

Поврзани новости