Во бугарскиот Парламент влез само со зелен сертификат

by Fokus

Од 24 јануари во зградата на Народното собрание во Бугарија ќе се влегува само „зелен сертификат“ или негативен тест, јави дописникот на МИА од Софија.

Одлуката ја поддржаа „Продолжуваме со промената“, ГЕРБ-СДС, ДПС, БСП и „Демократска Бугарија“.

„Има таков народ“ и „Преродба“ не учествуваа во гласањето. „За“ гласаа 153 пратеници, немаше „против“ и воздржани четири од вкупно 240.

Брзите антигенски тестови ќе ги плаќаат само пратениците и нивните соработници, за сите останати вработени, а за претставниците на медиумите ќе се плаќа од буџетот на Народното собрание.

Партијата „Преродба“ најави дека свикуваат протест на 12 јануари пред Народното собрание во Софија.

Правната комисија на бугарскиот Парламент вчера го поддржа предлогот за „зелен сертификат“ и тестирањето да се воведе од 24 јануари.

Поврзани новости