685
Бугарија денеска почна со уништување на над 39.000 кокошки во село во јужниот дел од земјата, откако беше потврдена епидемија на птичји грип на две тамошни индустриски фарми.
Според информациите, двете фарми се погодени од птичјиот грип тип А, а ова е втора пандемија во селото Криво Поле, кое и во април беше погодено од птичји грип.