Во Бугарија се запленети рекордни 436 килограми хероин

by Fokus

Бугарските царина соопшти дека открила и запленила речиси половина тон хероин во пристаништето Бургас.

Во товарна приколка со казахстански регистарски таблици пронајдени се 436 килограми хероин спакуван во 434 пакети.

- Advertisements -

Вредноста на запленетата дрога се проценува на околу 35 милиони евра.

Приколката била сомнителна поради невообичаено долгиот престој во пристаништето во Бургас, а на 9 август при рендгенски преглед била откриена дрогата.

Поврзани новости