672
Софиското обвинителство води истрага за можна незаконска употреба на софтверот „Пегаз“ во државни структури заради нелегално прислушување на бугарски државјани, соопшти обвинителството.
Од Националното биро за контрола на специјални разузнавачки средства (НБЦРС) побарале информации дали во државните структури се применувал производот на израелската технолошка компанија НВО Груп „Пегаз“ за конкретни граѓани.
Проверката ќе разјасни дали софтверот е продаден и доставен во Бугарија и евентуално каде е имплементиран.