Во Бугарија приведени 140 лица за купување гласови

by fokus

На вчерашните избори, петти по ред, во Бугарија само во првиот дел од денот, биле приведени 140 лица за купување гласови, соопшти министерот за внатрешни работи Иван Демерџиев.

-Беа приведени 140 лица за купување гласови , што е за повеќе од 50 отсто повеќе во однос на претходните избори. Поведени се 13 предистражни постапки, што е за 100 отсто повеќе во однос на претходните избори. Има повеќе обиди за манипулирање со гласањето, изјави министерот.

Тој најави дека се спроведуваат и  специјализирани полициски акции. Тие траат цела недела во голем број градови, ќе продолжат и по денот на изборите.

Поврзани новости