Во Бугарија откриена група која шпионирала за Русија

by fokus

Во Бугарија првпат е откриена група за шпионажа која пренесувала класифицирани информации на Русија. Подготвивме материјал во кој се собрани многу малку докази, нагласи на вонреден брифинг портпаролот на главниот обвинител Сијка Милева.

Според јавниот обвинител, случајот е неспоредлив во поновата историја од 1944 година. Тој им се заблагодари на Државната агенција за национална безбедност и на Военото разузнавање за откривањето на групата.

Водач на групата е поранешен висок функционер на Воената разузнавачка служба кој завршил воено образование во Бугарија и странство, како и разузнавачко училиште во Москва, познато како ГРУ.

– Негова задача била да постави разузнавачка шема, изјави портпаролот на главниот обвинител.

Вчера полицијата претресле разни адреси во Софија. Заради операцијата, попладнето имаше зголемено присуство на полицијата на излезите од главниот град на Бугарија, јавија бугарски медиуми.

– Групата извршила сериозни злосторства со предумисла против Републиката, рече Сијка Милева.

Таа додаде дека поранешниот воен разузнавачки кадар воспоставил нелегална разузнавачка мрежа во која била и неговата сопруга, која има бугарско и руско државјанство. Таа дејствувала како посредник, пренесувајќи информации и пари на руската амбасада. Останатите членови на групата – петмина – се воени лица и имаат високи функции и беа приевдени вчера.

Поврзани новости