Бугарскиот вршител на должност министер за енергетика Росен Христов најави дека нема да има ограничувања за потрошувачката на струја во Бугарија.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, потрошувачката во Бугарија е стабилна, а земјата произведува доволни количини и извезува електрична енергија. Што се однесува до снабдувањето со гас, Христов беше категоричен, дека властите напорно работат на диверзификација со обезбедување независност на неговата земја со гас. Според него, енергетскиот систем е безбеден и не се очекува режим на електрична енергија.
Во моментов, според бугарскиот министер, има тенденција за намалување на цената на бензинот. За 30 отсто помала е разликата во испораките на гас за септември и октомври. Ако е присутен „Газпром“, добро е, но ако не е, Бугарија ќе се снајде без него, посочи Христов.