Во Брвеница гласаат 116 болни и изнемоштени и лица затвореници

by jadranka 10:58
10:58

Денеска се спроведува гласањето на болните и немоќните лица, како и на лицата кои се на издржување казна затвор, во рамки на вториот круг од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница.

Според информациите од Државната изборна комисија (ДИК), вкупно 107 болни и немоќни лица имаат можност да го остварат своето право на глас. Право на гласање имаат и девет лица кои се наоѓаат на издржување казна затвор. Гласањето на затворениците се спроведува во три казнено-поправни установи на територијата на државата, лоцирани во Скопје, Штип и Тетово.

Гласањето почна утринава во 7 часот.

Вториот круг од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница ќе го следат вкупно 61 акредитиран набљудувач. Од нив, 56 се домашни, а пет се меѓународни.

Слични вести