Тетовец осуден на казна затвор од 6 години и пет месеци заради убиство, синоќа повредил полицаец, кој се обидел да го приведе, бидејќи осуденикот бил во бегство.
-Околу 21,45 часот на улица „Страшо Пинџур“ во Тетово од страна на полициски службеници на СВР Тетово биле преземани мерки за приведување на лицето Г.Е.(41) од Тетово кој се бара за издржување затворска казна во времетрање од 6 години и 5 месеци за сторено кривично дело “убиство”. Откако лицето било забележано на наведената улица како совозач во патничко моторно возило “Волксваген-Пасат“, од страна на полициски службеник била издадена наредба да се сопре возилото, при што непознатиот возач со голема брзина тргнал кон полицискиот службеник и со предниот дел од возилото го удрил во пределот на десното колено. По што Г.Е. извадил пиштол кој го вперил кон полицискиот службеник и иситот од службениот пиштол испукал еден проектил кон возилото. На полицискиот службеник му била укажана лекарска помош во Клиничка болница Тетово. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на лицата, информираат од МВР.