605
Во Велика Британија, бројот на нови случаи на коронавирус во последните 24 часа надмина 100.000 за прв пат од почетокот на пандемијата.
Во земјата во изминатиот ден се регистрирани 106.122 нови случаи, јавува Би-би-си.
Според британската влада, по последната пресметка, починале 140 луѓе.
Британскиот премиер Борис Џонсон изјави во вторникот дека нема да воведе нови ограничувања поради Ковид 19 во Англија пред Божиќ, но дека ситуацијата е исклучително тешка и дека е можно потоа Владата да мора да реагира.