567
Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас денеска во Брисел ќе има средба со медијаторот за спорот со името на Македонија, Метју Нимиц.
„Целта на средбата, која следи по посетата на Нимиц на Македонија во почетокот на јули, е да се дискутира за пронаоѓање можност за напредок во преговорите за спорот за името“, изјави Стефан Дужарик – портпарол на генералниот секретар на Обединетите нации. Нимиц по средбите со македонскиот државен врв во Скопје порача не може да се очекува нов предлог и брзо решение.